| четврток, 6 декември 2018 |

Со знаме од 200 километри Боливијците бараат излез на море (ФОТО)

Илјадници граѓани на Боливија денеска на демонстрациите организирани по повод барањето за излез на море развлекоа знаме долго повеќе од 196 километри.Официјални претставници на Владата на јужноамериканската земја изјавија дека знамето на боливиската морнарица кои го држат луѓето покрај пат е најголемото или најдолгото знаме на светот.


Знамето на морнарицата е претежно сино, а во еден дел се наоѓаат и црвената, жолтата и зелената боја од боливиското знаме.

Луѓето кои денеска демонстрираа се одзваа на повикот на претседателот на Боливија Ево Моралес.


Во војна со Чиле, од 1879 до 1883 година, Боливија го изгубила единствениот излез на море.


Со години оваа земја бара некакво вид простап на море, па дури од Меѓународниот суд бара да му нареди на Чиле да се вклучи во преговори за договор за добрососедство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top