Над 1.700 полнолетни лица на возраст од 18 до 55 години, чиј идентитет е „државна тајна“, се наоѓаат на т.н. тестер-листа на Институтот за фармакологија и токсикологија во Скопје. Тие одговараат на повик, а за просечна месечна плата, треба да го проголтаат лекот кој треба да се испита. Пред тестирањето, лицата потпишуваат изјава дека доброволно го прават тоа и дека студијата може да ја напуштат во секој момент, а сепак да го добијат надоместокот што им следува.
Меѓу нив има само пет жени, бидејќи според градбата жените се посебни, па затоа е различна и подготовката и процедурите кога тие подлежат на тестирање на некој лек. Изричито е забрането тестирање на лекови врз малолетни, но и врз болни лица.
Весникот Вечер донесува ексклузивна сторија за четириесетгодишен скопјанец врз кого веќе една деценија се тестираат разни видови лекови во Институтот за фармакологија и токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Сосема случајно дознал дека може доброволно да се пријави како „експериментално глувче“ и добро да заработи. Скопјанецот не крие дека месечно заработува уште една плата голтајќи лекови.
– Во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Зависно од лекот, останувам и по три дена во болница. За среќа, досега сум немал реакции од проголтаното апче кое би ми го загрозило животот. Понекогаш се случувало да ми се јави исип или, пак, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо, раскажува скопјанецот за Вечер.
Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе. Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет. Засега, како што тврдат лекарите со кои разговарал Вечер, не се регистрирани фатални нус појави од лекот што се тестира врз луѓето.
Пред едно лице да се подложи врз него да се тестира лек потпишуваат изјава дека доброволно го прават тоа и дека студијата може да ја напуштат во секој момент, а сепак да го добијат надоместокот што им следува.
Листата на лица кои се согласни врз нив да се тестира генерички лек постојано се менува. Едни си одат самоиницијативно, други оти го надминале лимитот на годините, трети оти се исплашиле.
Таков е случајот со еден млад скопјанец вработен во еден угостителски објект. Тој неколкупати одел и врз него биле тестирани разни видови на лекови. Се било во ред се до последниот пат кога му дале да испие некоја таблета.
-На почетокот се беше во ред. Но по неколку часа почна да ми се јавува црвенило по кожата и нагон за повраќање. Чувството беше ужасно. Иако лекарите ме смируваа дека тоа е нормална нус појава и дека се ќе помине јас ја донесов мојата конечна одлука повеќе никогаш нема да седнам на ексерименталното столче, раскажува 24-годишно момче, коесосема случајно разбрало дека со доброволно голтање лекови може добро да се заработи и без знаење на неговите родители одлучило и дошоло во Институтот. Кога слушнале неговите родители се фрапирале, но и покрај нивното инсистирање тој продолжил понатаму да оди во Институтот и да заработува, како што вели, за еден добар одмор.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


