| четврток, 6 декември 2018 |

„Деца на сонцето“ – филм за публиката, но и за „Оскар“

При­каз­на­та за љу­бо­вта и за вер­ба­та и за пре­мре­жи­ња­та низ кои ќе по­ми­ну­ва­ат че­ти­ри­те ге­не­ра­ции на ед­но скром­но се­мејс­тво од Прес­па, во ре­жи­ја на Ан­то­нио Ми­три­ќе­ски, поч­на да се сни­ма минатиот понеделник. Ри­бар­ско­то се­ло по­крај Прес­пан­ско Езе­ро во Оте­ше­во, е ме­сто­то ка­де што акте­ри­те и еки­па­та на но­ви­от ма­ке­дон­ски дол­го­ме­тра­жен филм „Де­ца на сон­це­то“ ќе го по­ми­нат нај­го­ле­ми­от дел од вре­ме­то во на­ред­ни­те 36 ра­бот­ни де­но­ви, кол­ку и ќе трае сни­ма­ње­то на овој про­ект.

Акте­рот Ки­ре Ѓо­рев­ски ѝ се прик­лу­чи на еки­па­та на вто­ри­от ден на сни­ма­ње­то, отка­ко ги за­вр­ши об­вр­ски­те со прет­ста­ва­та „Хам­лет“ со ко­ја на­ста­пу­ва­ше во Лет­ни­от те­а­тар во Вар­на.

kire

Кире Ѓоревски

– Имав­ме до­вол­но про­би, со што мо­жев­ме да раз­ме­ни­ме енер­ги­ја, да се за­поз­на­е­ме и да ра­бо­ти­ме. Тој пер­и­од, кој е ва­жен за се­кој актер, по­ра­ди мож­но­ста да се раз­ви­ваш ко­га  гле­даш кој и на ка­ков на­чин си ја гра­ди уло­га­та, бе­ше ед­но пре­крас­но дру­же­ње и не­за­мен­ли­во искус­тво. Уба­во е ко­га си­те поч­ну­ва­ме да жи­ве­е­ме ка­ко еден ор­га­ни­зам, ед­на кон­струк­ци­ја, ед­на фа­ми­ли­ја. Се­кој од еки­па­та е по­зи­тив­но рас­по­ло­жен и, на­ви­сти­на, не­ма ни­ка­кви на­прег­ну­ва­ња, што соз­да­ва од­лич­на ат­мо­сфе­ра за ра­бо­та. Под­го­тве­ни сме, ју­риш на­пред и не­ка си­ла­та би­де со нас („May the force be with us“)!

Ка­ко што наг­ла­си­ја и акте­ри­те и ре­жи­се­рот, тоа е филм со хе­пи­енд. Ле­ген­да­та на ма­ке­дон­ско­то актерс­тво, Ме­то Јо­ва­нов­ски, кој во фил­мот го глу­ми де­до­то Крал, из­ја­ви де­ка сце­на­ри­о­то е тол­ку отво­ре­но што оста­ва го­ле­ми мож­но­сти за из­вед­ба, па иа­ко не се це­ли кон тоа да се на­пра­ви ко­ме­ди­ја, ќе би­дат вмет­на­ти и мно­гу ко­мич­ни си­ту­а­ции, кои го пра­ват „Де­ца на сон­це­то“ филм за пуб­ли­ка­та.

deca-na-sonceto04

Мето Јовановски

– Пред сѐ, пра­ви­ме филм за пуб­ли­ка­та, а ако има­ме мож­ност, ќе би­де и филм за „Оскар“ – из­ја­ви Ме­то. – Мо­јот лик е чо­век што жи­вее во мал­ку не­ре­а­лен, свој свет.Тоа е не­го­ва­та ва­ри­јан­та да се пре­жи­вее во ова вре­ме, чо­век што со­ну­ва за ед­на по­до­бра и по­свет­ла ид­ни­на – до­да­ва тој.

 

Ми­ли­ца Сто­ја­но­ва ја глу­ми ба­ба Ле­на, со­пру­га­та на Крал.

– Играм ма­ке­дон­ска же­на, ко­ја е столб на се­мејс­тво­то, ’ргач­ка, ра­бо­ти, тр­ча, ба­лан­си­ра во од­но­си­те на се­мејс­тво­то – ве­ли таа.

Во уло­га на нив­ни­от син, чо­век што ве­ру­ва во лу­ди­те ви­зии на сво­јот та­тко и кој по­сто­ја­но тра­га по, на­вод­но, скри­е­но­то бо­гат­ство оста­ве­но од вре­ме­то на вој­на­та, се по­ја­ву­ва Вла­до Јо­ва­нов­ски. Тој за уло­га­та на Ка­ле мо­ра­ше да на­у­чи и да нур­ка.

– Мно­гу сум сре­ќен што во овој филм има спој на ге­не­ра­ции, искус­тво­то на по­ста­ра­та ге­не­ра­ци­ја и еден куп мла­ди лу­ѓе, кои го учат овој за­на­ет. Ен­ту­зи­јаз­мот на мла­ди­те и искус­тво­то на по­ста­ри­те, на­ви­сти­на, да­ва уба­ви ре­зул­та­ти – из­ја­ви Вла­до.

deca-na-sonceto09

Владо Јовановски

deca-na-sonceto01

Со­пру­га­та на Ка­ле, Ми­ра, ја тол­ку­ва Бил­ја­на Та­нев­ски. Нив­на­та ќер­ка, пак, ко­ја ја глу­ми Ива­на Пав­ло­виќ, ќе ги поч­не бу­ри­те во се­мејс­тво­то ко­га ќе се вљу­би во ли­кот на Ки­ре Ѓо­рев­ски. 

deca-na-sonceto02

Антонио Митриќески

Ре­жи­се­рот Ан­то­нио Ми­три­ќе­ски гор­до ја прет­ста­ви сво­ја­та еки­па и наг­ла­си де­ка најм­но­гу вни­ма­ние ѝ по­све­ту­ва на свет­ли­на­та и на сли­ка­та во фил­мот. Тој до­да­де де­ка вло­жу­ва­ат огро­мен труд да се уло­ви се­кое из­греј­сон­це или зај­ди­сон­це иа­ко тоа по­не­ко­гаш зна­чи да се ста­ну­ва и во три ча­сот на­у­тро. По­себ­на уни­кат­ност на фил­мот ѝ да­ва и сце­но­гра­фи­ја­та, ко­ја е со­вр­ше­на под­ло­га на це­ла­та при­каз­на, а неа во кра­ток пер­и­од ус­пеа да ја соз­да­де еки­па­та на че­ло со Вла­тко За­фи­ров­ски.

– Сце­но­гра­фи­ја­та е не­што со што, на­ви­сти­на, мно­гу се гор­де­е­ме, ис­пол­ну­ва ед­на автен­тич­ност, ко­ја са­кам да ја по­стиг­нам со овој филм, а тоа е еден вид ви­сти­ни­тост, ви­зу­ел­на ви­сти­ни­тост – из­ја­ви Ми­три­ќе­ски.

deca-na-sonceto10 deca-na-sonceto03 deca-na-sonceto08 deca-na-sonceto06

Видеото од првата клапа на „Деца на сонцето“ погледнете го тука.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top