| четврток, 6 декември 2018 |

Загрепски хостел најдобар во Европа: Гостите спијат во капсули, се тушираат во канализациски цевки (ФОТО)

Загрепскиот хостел „Сабспејс“ ја освоил наградата за најдобар новоотворен хостел во источна и централна Европа. Единствениот хостел во Загреб и ЕУ во кој гостите спијат во вселенски капсули, а се тушираат во туш-кабини од канализациски цевки.

Сопственикот на овој футуристички хостел во центарот на Загреб Хрвоје Крлиќ вели дека инспирацијата потекнува од филмот „Петтиот елемент“, но не сакале да копираат и да рециклираат стари трендови, туку сакале да понудат нешто ново.

Капсулите, како оние во какви што спие и Мила Јовович во филмот, се изработени од истиот материјал од кој се изработуваат авиони. Во хостелот има 20 капсули со кревети малку поголеми од стандардните, а туш-кабините се изработени од канализациски цевки.

Вселенските капсули се набавени од Кина. Секоја капсула има вентилација, андроид монитор, УСБ-приклучок, штекер за полнење мобилен, лаптоп, сеф за пари и документи и на гостите им нуди искуство слично на вселенско патување. Доволно е голена да може внатре човек со просечна големина да се преслече, а девојките да се нашминкаат, зашто има и огледало.

Девоките се почести гости токму поради приватноста. Секоја капсула се заклучува однатре, така што гостите можат да се чувствуваат сигурно.

Мајката на Крлиќ се потпишува под изумот тоалетите да бидат сместени во канализациски цевки, Професорката по математика го советувала синот да направи нешто во круг, зашто кругот зазема најмалку простор. Така, канализациските цевки како многу отпорни влегле во игра иако не се евтини. Една туш кабина изработена од канализациска цевка чини неверојатни 1345 евра.

Хостелот се состои од две простории, а во едната се наоѓа спална со 20 капсули, 3 туша и два тоалета. Во другата просторија има кафуле и мезе-бар во кој гостите можат да гледаат филмови, да играат на Плејстејшн и да се дружат.

Во сезона е преполн, а цените се движат од 100 до 300 куни за една ноќ (13 до 40 евра).

450 квадрати од ѕидовите се украсени со цртежи од академскиот сликар Томислав Бунтак. Цртежите се изработени со сребрени и златни маркери, а темата е вселена и подморје.

Индекс.хр

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top