| четврток, 6 декември 2018 |

За кого земал поткуп соработникот на Спасовски?

Скандалот со поткупот во МВР не смее да заврши само со одговорност на најблискиот соработник на министерот Оливер Спасовски. Истиот соработник на Оливер Спасовски, кој сега е приведен за поткуп, беше форсиран од страна на СДСМ во преговорите од Пржино, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста чека одговори уште во колку случаи неморалниот, криминоген службеник барал поткуп? Зошто истиот беше форсиран и фаворизиран од страна на Оливер Спасовски? Кој го поставуваше на најодговорни позиции? Време е да запре лицемерието и да се преземе одговорност во врска со овој случај“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top