| четврток, 6 декември 2018 |

Поткупов е ситна работа, почнаа да се колат Рада и Оливер: Граѓаните не се изненадени што криминалот доаѓа од врвот на полицијата

Март е месец на МВР. Целиот интерес на јавноста е свртен кон скандалите во ова министерство, а тие очигледно почнуваат од врвот на полицијата, па се шират како пајакова мрежа до најниските нивоа.  Прво полицајката Јасмина Јаначковска се самоповреди од пајакот, а МВР му излезе во пресрет на функционерот од ДУИ Бекир Асани, кој ја бранел од агресивниот пајак, по неколку дена инспектор пукаше во кантирната на Центарот за обуки за да ги смири кадетите, па за неколку дена гневот на граѓаните кулминира со апсењето на корумпираниот советник на министерот Оливер Спасовски, Драган С.

 

Кој го поставил на тоа работно место, овие во МВР за ништо не ги бива само за скандали, мито… Ова се само дел од реакциите на граѓаните на социјалните мрежи откако синоќа МВР ја потврди веста дека висок функционер, кој бил дел од кабинетот на министерот Оливер Спасовски бил приведен за поткуп. Уапсеното лице Д.С. како што беше соопштено, очигледно ѝ е добро познато на јавноста.

Од синоќа на социјалните мрежи се шират фотографии од приведениот и се коментира дека се работи за човек близок на криминалното милје, особено на браќата од Ѓорче Петров, кои на јавноста ѝ се познати под прекарот Близнаци.

Фејсбук и Твитер беа преплавени и со коментари дека станува збор за пресметка меѓу потпретседателката на влада и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за внатрешни работи Спасовски.

Како што пренесуваа медиумите, од информации во министерството, до приведувањето дошло како резултат на реваншизам помеѓу Спасовски и Шеќеринска, која има цел да расчисти со кадрите на министерот за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top