Бекир Асани од ДУИ сѐ уште не дал исказ во јавното обвинителство за инцидентот со полицајката кај трговскиот центар „Мавровка“, но не откриваат причини зошто тој сѐ уште не е повикан, пренесе ТВ 24.
Асани изјави за теливизијата дека е достапен на обвинителите „24 часа и ако добие покана ќе се појави“.
Покрај тоа, Асани им порачува на обвинителите да не потпаѓаат под притисоци на јавноста и бара правично и праведно да го расчистат случајот врз основа на дадените изјави.
Случајот во јавноста со партискиот функционер на ДУИ се отвори на почетокот од март при инцидентот кога пајак службата сакала да го крене негвоото непрописно паркираното возило, а Асани ја турнал полицајката, по што таа се повредила. Потоа од МВР објавија дека полицајката сама се повредила удирајќи во пајак-возилот, но очевидци за медиумите тврдат дека таа била грубо турната и обвинуваат дека министерството сака да го забоштои случајот на насилство и непочитување од страна на политичар на владејачката гарнитура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст