| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетници расекле со нож осуманесетгодишник поради девојка

Во 19,17 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив е донесен повреден А.Б.(18) од село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари.

На А.Б. му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица, додека како причината се наведува претходна расправија за девојка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top