| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен близок соработник на Спасовски – фатен на дело како прима поткуп

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, советник на министерот Оливер Спасовски попладнево, околу 16 часот, е приведен под сомение за поткуп, неофицијално дознава Република од извор од МВР.

Како што дознаваме, се работи Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата како советник и претседател на дисциплинска комисија и комисија за оружје.

Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Според неофицијалните информации делото кое му се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања.

Од МВР сеуште не ја потврдуваат информацијата, портпаролот Тони Ангеловски во краткиот телефонски разговор ни рече дека ќе провери дали функционерот е уапсен и ќе не информира во најбрз можен рок.

Инаку нашиот извор вели дека приведениот важел за човек од доверба на Спасовски, а имал функција и во техничката влада. Од МВР се уште нема ниту потврда ниту демант на оваа информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top