| четврток, 6 декември 2018 |

Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетите и за Австријција

РЕГИОНЗападен Балкан ќе биде меѓу приоритетите и за АвстријцитеОбјавено пред 2 часа – 9 март, 2018Од Макфакс

Помеѓу приоритетите на австриското претседавање со Европската Унија ќе биде и интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, изјави денеска австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Освен на Балканот, Австрија ќе се осврне и на идејата да ги промени перцепциите во ЕУ, па наместо на сместување на бегалците во внатрешноста на Унијата ќе се размислува на целосно запирање на бегалскиот бран и контрола на границите.

„Нашата цел е јасна, во Европа не треба да има само дебата околу разместувањето на бегалците, туку конечно и промена на фокусот кон обезбедувањето на надворешните граници“, изјави Курц на прес-конференција за приоритетите за шестмесечното претседателство кое Австрија ќе го преземе од Бугарија на 1 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top