
Договорот за автопатот Демир Капија – Смоквица заврши, а автопатот не е пуштен во употреба, иако Владата на СДСМ потпиша нов анекс со нов рок за градба и нов рок за надзор и тој не го исполнија, обвини Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку за речиси една година не можат да завршат и да пуштат во употреба завршен автопат може да претпоставиме што ќе се случува со другите проекти. Ние ќе ги охрабриме барем малку да се фатат за работа за да можат граѓаните да ги видат придобивките од европскиот автопат Демир Капија – Смоквица и секако да го пуштат во употреба“, рече Мисајловски.
Трагично е, додаде тој, што градежништвото е во пад од околу 20 отсто, проектите се застанати, а нови проекти нема.
„Ветувањето на СДСМ за 600 километри нови автопатишта ќе биде уште една голема лага како и сите други нивни ветувања. Дефинитивно ова е најнеспособната влада во нашата историја која нема никаков капацитет ниту за нови проекти, ниту, пак, за реформи во која било област“, обвини Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


