| четврток, 6 декември 2018 |

Доверители на „Фени” и денеска протестираат, најавени блокади и на Ќафасан

Доверители на „Фени” и денеска протестираат, барајќи да им бидат исплатени побарувањата. До 16 часот ќе биде блокиран патот од Кавадарци кон Дреново.

Реџеп Елмаслари од Платиниум АЛБ- Тирана, рече дека дошле од Албанија на протестот.

– Нашата фирма го снабдуваше „Фени” со руда. Од јули минатата година ни ги немаат исплатено нашите побарувања. Нашата фирма ги има платено сите побарувања од државата, ги плаќавме работниците, а сега не можеме да си ги наплатиме нашите побарувања, изјави тој информирајќи дека ќе продолжат со протести и на територијата на Албанија.

Рече дека за ова го известиле Министерството за индустрија и за транспорт и премиерот Еди Рама.

– Ќе го блокираме граничниот премин Ќафасан, нема да дозволиме ниту еден камион со македонски регистарски ознаки да влезе или излезе, нагласи тој во изјава за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top