| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајка на автопатот Велес – Скопје, полесно повреден 37 – годишен кумановец

Според информацијата од СВР Велес, денеска околу 11 часот на автопатот Велес – Скопје кај месноста Пуста Кула се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ марка „Ивеко“ со кумановски регистарски таблички, управувано од Б.Т. (37) од Куманово и ТМВ марка „Сканиа“ со скопски регистарски таблички, управувано од Љ.Т. (54) од Скопје.

Како што информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, во незгодата бил повреден возачот на ТМВ „Ивеко“, 37 годишниот Б.Т. од Куманово.

Тој со возило на Брза помош бил пренесен на преглед во велешката Општа Болница. Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, пациентот бил прегледан од тим лекари во Хирушкото одделение.

– Го прегледа тимот хирурзи, а хирургот трауматолог Филип Тодоровски констатира дека повредениот нема тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош го прати на домашно лекување, информира Андова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top