| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како да добиете повисока плата според хороскопскиот знак

Никогаш не е едноставно да се побара покачување на платата. Но ако заслужувате повеќе, треба и да добиете повеќе. Само прашање е како ова да му го објасните на шефот. Дозволете и` на астрологијата да ви помогне и видете како карактеристиките на вашиот знак може да ви донесат повеќе пари.

Овен: Надминувајте Натпреварувачкиот дух ќе ви помогне да сфатите дека за да добиете повеќе, треба да работите повеќе. Прво откријте колку заработуваат другите во вашата професија, а потоа научете се` што можете во врска со конкретната работа што ја вршат за таа плата. Почнете да извршувате обврски вредни за повеќе пари и едноставно побарајте покачување со тој аргумент.

Бик: Волонтирајте Секој би можел да го работи она што ќе му го кажат. Вие сфаќате дека вашата вистинска вредност за компанијата е фактот што знаете да сработите повеќе и подобро отколку што ви е побарано. Кога шефот ќе побара некој да остане подолго или да посети некој семинар, пријавете се веднаш. Кога ќе побарате покачување на платата, нема да има сомнеж дека навистина вложувате труд.

Близнаци: Шармирајте Сите знаеме дека и на работа одлуките понекогаш се донесуваат врз база на емоции, а не на логика. Вам ви е лесно да ги шармирате колегите и да им се допаднете на претпоставените. Не заборавајте да работите, а кога ќе побарате покачување ќе го добиете бидејќи сте допадливи, забавни и оставате добар впечаток.

Рак: Негувајте Каква и да е задачата, вие најмногу внимание им посветувате на луѓето со кои работите. Никогаш немојте да поставувате ултиматум кога барате повисока плата, туку само потсетете го шефот колку е важен личниот печат и грижата за соработниците и клиентите.

Лав: Заблескајте Вие сте најдобри при привлекување погледи од публиката. Вашиот ентузијазам и слободниот пристап во комуникација со широк круг луѓе ве прави одличен претставник на фирмата. Кога зборувате во име на компанијата – бизнисот цвета.  Истакнете ги овие карактеристики и сумата што ќе ја побрате за својата плата треба да ја поврзете со сумата што ја носите во компанијата.

Девица: Само прашајте Веројатно тоа е се` што треба да направите. Девиците се чувствуваат самоуверени кога се подготвени, па затоа запишете ги сите причини поради кои заслужувате плата. Извежбајте го овој говор пред огледало и така самоуверено настапете пред шефот, тој сигурно нема да има приговори и ќе ви одобри покачување.

Вага: Социјализирајте За вас работата е тесно врзана со меѓучовечките односи. Вашиот допринес за компанијата најдобро се забележува преку врските што ги создавате меѓу колегите, различните оддели и клиентите. Постојано создавате можности за заедничка работа и поттикнување на тимскиот дух. Ваквите врски ја зајакнуваат организацијата што треба да биде и клучниот аргумент при барање повисока плата.

Скорпија: Претчувствувајте Вие навистина знаете дека го прочитате мигот, препознавајќи го расположението и специфичните нијанси на дадената ситуација. Скорпијата не само што ги набљудува, туку и ги чувствува околностите. Благодарение на интуицијата можете да препознаете што и` е потребно на компанијата и како најлесно да допринесете. Искористете ја оваа дарба да го почувствувате вистинскиот момент за барање повисока плата.

Стрелец: Стекнувајте искуство Вие уживате да учите нови нешта додека работите и не сакате да бидете стручни само во едно поле. Откако ќе го достигнете врвот во еден, веднаш барате нов начин на работење. Познавањето на секој аспект на работа во вашата компанија игра  клучна улога во добивање подобра плата. Бидете што повешти, поискусни и сестрани и брзо ќе добиете унапредување.

Јарец: Предводете Дури и кога стажирате, вие сте лидер. Вашиот став кој ги привлекува останатите да ве следат е клучот на вашиот деловен успех. Сфатете дека имате силно влијание и слободно прифатете поголема одговорност инспирирајќи ги и колегите да ги следат вашите постапки. Објаснете му го ова на шефот и уживајте во новата плата.

Водолија: Предвидувајте Како знак на иднината имате јасна визија за тоа каде се движи вашата компанија. Веројатно ве вработиле поради свежите идеи и способностите и ставовите што се разликуваат од останатите. Потенцирајте ја волјата секогаш да учите нови нешта и покажете каква корист ќе има компанијата од работник како вас во услови на постојано променлив пазар.

Риби: Сочувствувајте Искористете ја својата силна способност за емпатија за да ги видите нештата од гледна точка на шефот. Размислете како шефот би ги оправдал средствата ако ви даде покачување, па вашите аргументи нека ги вклучат оние работи што компанијата ги добива токму од вас, вашите идеи и моќта за сочувствување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top