Во текот на вчерашниот ден, околу 16.30 часот, во Полициската станица Ресен, В.Ш. (40) од Лесковац, Република Србија, пријавил дека лицето У.А. од Ресен извршило кривично дело „измама“.
Пријавителот заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со лице од Ресен од кој требало да откупат јаболка. Од Ресен заедно заминале за с.Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во канцеларијата на У.А.
Таму У.А. им побарал 2 000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст