| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена вилата на Саша Поповиќ: Од куќата на директорот на Гранд крадците однеле сеф и роба во вредност од 100.000 евра

Куќата на директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ се најде на мета на крадците, а според првите информации од вилата е однесен сеф.

Сопругата на Саша Поповиќ, Сузна Јовановиќ, минатата ноќ го пријавила случајот, а полицијата трага по крадците.

Како што пренесуваат белградските медиуми, од куќата е однесена е роба во вредност од 100.000 евра. Саша Поповиќ и неговата сопруга наводно биле во Опатија, каде инаку минуваат доста време бидејќи имаат неколку недвижнини.

Вилата на директорто на Гранд се наоѓа во елитниот дел на Безаниска коса, која е постојано под надзор. На самиот влез од населбата постои рампа и никој не може да влезе ако не е најавен, а цела населба е заградена со ограда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top