| четврток, 6 декември 2018 |

Милчин: Бујар Османи лаже! Неговите изјави не се информации, туку дезинформации

Бујар Османи ве молам. Јас за него нејќам ни да разговарам. Просто на човекот не му верувам. Човекот лаже –  истакна Владимир Милчин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 .

Милчин додаде дека се што ќе каже Османи е дезинформација. За прием во НАТО, Милчин потенцираше дека не е потребен самит за членство. Тој рече дека владата манипулира со јавноста дека ако не се искористи овој самит ке треба нареден пат да ја чекаме шансата.

-Колку што јас знам НАТО може да не прими во членство и без Самит. Тој вид на аргумент тие нека не ги употребуваат. Нетреба да се брза со името затоа што самитот на НАТО не е потребен за да бидеме примени или непримени. Тоа е јасно. Тоа е манипулација . Тоа некој го врти како аргумент дека самитот незнам после колку време е следниот самит, не – истакна Милчин.

Тој додаде дека повиците од владата дека голема е шансата да влеземе во НАТО, не значи дека ние треба да се качиме на санка и да одиме во провалија.

Подигнатите очекувања неможат да ги обврзат луѓето на оваа земја да одат слепачки. Од кај сме ние сигурни дека Ципрас е најдобрата варијатнта за нас политичка во Грција – запраша Милчин.
Милчин констатираше дека не треба да зборуваме само дека НАТО ни е потребен на нас, туку и ние дека сме му потребен на НАТО бидејќи тие имаат проблем со руското влијание во Европа.

Според тоа јас очекувам кога се прават преговори да се стават картите и на едната и на другата страна. Не едните да ставаат а другите да климаат. Според тоа не сум сигурен дека ова сега, е сега или никогаш. Не сум сигурен дека самото влегување во НАТО во оваа држава ке донесе повеќе правда и луѓето ќе бидат посреќни. Самото влегување во НАТО, ако тоа не е поврзано со реформските зафати мислам дека нема да значи ништо рече Милчин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top