| четврток, 6 декември 2018 |

Турските медиуми со написи за Македонецот: Покажи се’ сега Елиф

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас денеска се најде на неколку турски медиуми, прв објави „Фанати“, а потоа пренесоа и останатите тамошни медиуми, а написите се за тоа дека наводно стратегот од клупата на Фенербахче не може да пронајде место во тимот за нашиот фудбалер кој имал слаби перформанси за време на тренинзите.

„Покажи се’ сега Елиф!“ пишува во својот наслов на веста турски „Фанатик“, кој притоа додава дека со своите перформанси, за време на тренинзите и натпреварите за Фенербахче, не му дава прилика да Ајкут Кочаман да го увиди големиот талент за да добие место на тимот, а оваа вест веќе ја пренесоа и останати тамошни медиуми.

Нашата најголема фудбалска надеж досега реализираше пет настапи за сениорскиот состав на гигантот од Истанбул, на кои имаше и една асистенција, но во последниов период се најде низ насловите на турските медиуми во негативна конотација поради крвничкиот старт што го имаше врз фудбалер на Бешикташ на натпревар на У21 категориите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top