| четврток, 6 декември 2018 |

Милчин: Иронија е „командант Вентили“ да биде министер (видео)

Јас министерот (Садула) Дураку го паметам како „командант Вентили“, тој беше тој што го затвори водоводот (во Куманово) во време на судирот 2001 година. Таков човек после тоа беше ставен за министер за земјоделие во владата на Бучковски, тоа е црна иронија, иронија тешка, вели Владимир Милчин, долгогодишен прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, коментирајќи една негова поранешна изјава дека за некои министри нема да чека ни 100 дена за да ги критикува.

Во врска со тој случај Милчин објасни дека се спротивставил на таквото „кадровско“ решение и бидејќи останал осамен околу тој став на Централниот одбор (на СДСМ) дал оставка.

– И сега тој истиот Садула Дураку повторно се појавува како министер, човек кој остави 100.000 луѓе повеќе месец дена без вода. Што треба да очекувам од него…

На констатацијата на новинарката дека тоа се кадри кои ги предлага ДУИ, Милчин рече дека во нормална држава тој никојпат не би можел да биде министер.

– Во ситуација кога една од партиите во коалицијата предлага листа без да се аргументира кои се тие квалитети со кои некој заслужува да биде министер, јас тоа не би го прифатил. Не тој. Дај ми друг, дај ми биографија, дај ми да видам што направил, рече Милчин.

Тој уште додаде дека „сега имаме државен секретар во Министерството за култура кој претходно бил директор на Театарот во Тетово и го оставил во долгови до гуша. Која е логиката, запраша Милчин.

Делот со „командант Вентили, по 18 минута на видеото подолу:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top