Стрелец
Овој месец е период кога многу припадници на знакот Стрелец ќе гледаат само за себе и ќе се движат во тој правец, но на подобро, бидејќи ќе имаат добра енергија на сите полиња на животот. Би било добро сите слободни Стрелци да не влегуваат во нова врска до крајот на зимата, туку ваквиот план, ако го имаат, да го остават за втората половина на 2018 година.
Оние кои се зафатени, ќе бараат уште поголемо внимание од партнерите и ќе покажат голем степен на љубомора.
Јарец
Ова е значаен месец за Јарците, бидејќи нивната планета Сатурн конечно ќе влезе во нивниот знак. Кога се емоциите и љубовта во прашање, многу нешта сега ќе бидат во втор план, бидејќи Јарците ќе си бидат доволни сами за себе. Тие ќе се почувствуваат дека повторно се враќаат себеси на многу чуден начин, без многу драма и размислување.
Поради сето ова, им се советува да не започнуваат ништо ново или да прекинуваат нешто старо, туку наместо тоа повеќе внимание да си посветат сами на себе и на личните планови.
Водолија
За Водолиите, ова е период кога ќе мора да се вратат на работите кои порано не ги решиле во врска со љубовта. Ова се однесува на изминатото лето, кога не успеаја целосно да го дефинираат она што го сакаат од спротивната страна, туку само создадоа многу непријатна ситуација со партнерот.
Слободните Водолии имаат само продолжување на некоја комуникација, но не и почеток на љубовна врска. Не е сега нивното време да започнат нешто ново, а дури крајот од јануари тие ќе можат да сметаат на конкретен потег од страна на една драга личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.