Поголемиот дел од Европската унија млако ја поздравува новата членка и се чини дека не знае „дали треба да слави или да ја дочека со сомнежи“, пишува британски „Фајненшл тајмс“.
ФТ пишува дека изостанала радоста што го пратеше проширувањето во 2004 година кога осум поранешни земји од комунистичкиот блок се приклучија на европското семејство. Многу европски влади стравуваат од примањето на уште една слаба јужноевропска економија на која туризмот ѝ е најјака гранка. Весникот потсетува и на пишувањето на германски „Билд“ кој предупреди дека Хрватска ќе биде „идните гробишта на милијарда евра“.
За скепсата на Европјаните кон влезот на Хрватска во ЕУ пишува и новинарот Тим Џудах за „Бумеранг“ цитирајќи виц во кој Британците им велат на Хрватите „Земете го нашето столче, ние заминуваме“. Во текстот новинарот, исто така, прашува „Во името на Бога, од кои причини Хрватите сакаат да влезат во рецесијата на ЕУ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.