| четврток, 6 декември 2018 |

Нелсон Мандела во стабилна, но сè уште критична состојба

Здравствената состојба на Нелсон Мандела е подобрена во текот на ноќта, но сè уште е критична, соопштија властите во Јужна Африка.

Една од ќерките на поранешниот претседател изјави дека тој сè уште ги отвора очите и реагира на допир на членовите на неговото семејство дури и во моменти кога состојбата му е критична.

Деведесет и четиригодишниот Мандела беше пренесен во болница на 8 јануари годинава поради, како што беше наведено, респираторни проблеми, а ситуацијата нагло се влоши пред неколку дена.

Неговата ќерка Маказиве Мандела ги критикуваше странските медиуми дека во известувањето на здравствената состојба на нејзиниот татко биле многу нападни, особено тие што биле сместени пред болницата „Преторија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top