
Неколку илјади лица годишно умираат во Германија како последица на вдишувањето на честички на азот диоксид што ги ослободуваат дизел моторите на возилата, соопшти денеска германската Федерална служба за животна средина.
Истражување на минхенскиот еколошки научен центар „Хелмхолц“ и компанијата „ВУ Умвелт“ покажува дека речиси 6.000 лица предвреме починале во текот на 2014 година од заболувања предизвикани или поттикнати од азот диоксидот, наведува Службата.
Истражувањето прави споредба на бројот на смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот во големите германски градови и во руралните региони.
Соопштението на германската Служба за животна средина следува една недела откако Суд во Германија донесе одлука дека градските власти имаат право да забранат движење на дизел возила, како дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


