| четврток, 6 декември 2018 |

Чолаку: Романија прво да го признае Косово, па после да посредува

Шефот на кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи, Беким Чолаку, денеска рече дека Романија прво треба да ја признае независноста на Косово за да има кредибилитет да посредува во постигнувањето конечно решение во дијалогот меѓу Косово и Србија.

Тој ја поздрави иницијативата на романскиот претседател Клаус Јоханис, кој изрази подготвеност неговата земја на почетокот на 2019 година да ја преземе улогата на посредник во дијалогот Белград-Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top