| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав Осми март во Прилеп: Двајца сопружници пронајдени мртви

Во прилепската населба „Димо Наредникот“денеска мртви биле пронајдени двајца сопружници. Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на сопругот М.Н. (81) под балкон од зграда.

Според сознанијата, станува збор за убиство и самоубиство, бидејќи во станот на брачната двојка е пронајдено и телото на сопругата И.Н. (78) со прострелна рана во главата од пиштол, а телото на сопругот било пронајдено под балконот.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top