
Актуелниот германски министер за првада Хеико Мас најверојатно ќе биде новиот шеф на германската дипломатија, објавија дел од германските медиуми.
Претходно, досегашниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел изјави дека нема да биде член на новата коалициска Влада на конзервативната канцеларка Ангела Меркел.
Според коалицискиот договор новиот министер за надворешни работи да биде од Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Габриел, кој е поранешен претседател на СПД, на Фејсбук објави дека новите лидери на партијата Олаф Шолц и Андреа Налес го известиле дека нема да биде дел од новата Влада.
– Служењето на партијата беше голема чест поради која сум длабоко благодарен, наведе Габриел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


