Неретко се случува откако ќе го фати партнерот или партнерката на дело, изневерена личност да изгуби контрола врз себе, но Емили Хавиер сепак отишла малку предалеку.
Девојката од американската сојузна држава Вашингтон викендов била уапсена поради напад на нејзиното момче со самурајски меч. Кога полицијата дошла во нивниот дом, 29-годишниот Алекс Ловел лежел тешко повреден во спалната, облиен во крв, а Хавиер се пофалила дека го убила.
Причината била неговото неверство, односно тоа што таа нашла докази дека тој ја изневерувал, по две години заеднички живот.
– Алекс само седи дома и игра видео игри. Не ми помага во ништо, додава таа. На девојката и пукнал филмот кога открила дека Ловел ја инсталирал популарната апликација Тиндер која се користи за поврзување интернет врски, а тој имал и сомнителни траги по телото.
Нападот со меч не бил во афект. Девојката признава дека го планирала убиството со денови, купила оружје, го залепила под креветот за да и биде при рака, чекала Ловел да заспие и потоа го нападнала.
Судот и определи кауција од 350.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


