| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на рускиот платен убиец: Како ликвидирав 40 луѓе

Руски платен убиец проговори за својата работа, детално опшувајќи како и кого убивал.
„Едноставно ја работев својата работа“, вели тој.

Се работи за 43-годишниот Андреј Вершињин, кој се наоѓа во затвор, но се надева дека за десетина години ќе излезе на слобода. Меѓутоа, за тоа ќе мора „скапо да плати“, и да открие се за немилосрдните ганстери и мафијаши, пишува „Комерсант“.

До сега, сведочејќи во судот открил многу, и одбил да влезе во програма за заштитени сведоци. Сепак, судот одлучил идентитетот да му биде скриен, барем во судница.

„Само ја работев мојата работа. Која беше таа? Завршување на прблем со некои поединци. Потоа си одев дома“, вели тој.

Според него, тој ги убивал своите мети од блиску, а не со снајпер, поради проблеми со видот.

Најмногу детали изнесол на судењето на мафијашот Димитриј Лешников, кој ја водел бандата „Форест“ познат по брутални ликвидации по Москва.

За време на судењето, „убиецот покајник“ потврдил дека лично Лешников му плаќал за убиствата, кои биле секојдневица и рутина. Убиецот признал дека се занимавал со убиства од 18 години и дека тоа за него било само работа. „Едноставно, си ја работев работата, тука нема емоции“,

Тој вели дека неколку дена ги следел жртвите, ги набљудувал нивните навики и најчесто ги убивал кога излегувале од автомобил или зграда.

„Ќе се преправев. Носев очила, шал, шешир. Ќе и се приближев на жртвата, пукав и бегав. Заминував во некоја блиска зграда се преоблекував и заминував со автомобил, кој редовно беше во близина. Се трае најмногу три минути“, вели Вершињин.

Некогаш не одело се по планот, па морал да импровизира.

Тој е уапсен во 2009 година и осуден на 19 години затвот. Вели дека е свесен оти по излегувањето ќе има проблеми со „своите стари пријатели“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top