Наставничките од ОУ „Х. Т. Карпош“ од Скопје, одлучија денешниот празник, 8 Март, да го прослават на поинаков начин и овој ден да го посветат на лицата заболени од ретката болест Вилсон.
Имено, наставничките ги замолија родителите, оваа година, доколку мислат да одвојат пари за да им купат подароци, тие пари да ги наменат за хуманитарни цели и да им ги дадат на оние на кои најмногу им требаат, пишува Слободен печат.
„Почитувани, доколку сте планирале да одвоите средства за наставничките по повод 8 Март, би Ве замолиле средствата учениците да ги уфрлат во кутија за донации, кои ќе бидат наменети за лекување на заболени од Вилсон – ретка болест. Хуманитарната акција ќе трае 2 недели, а ќе ја спроведат учениците. Однапред Ви благодариме. Најголем подарок за наставничките е љубовта и почитта која ја добиваат од своите ученици!“, беше напишано во повикот од наставничките.
Хуманитарната акција утринава успешно се спроведуваше, а потегот на наставничките беше поздравен од родителите и децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


