По веста на „Неос Козмос“, весник кој се дистрибуира во грчката дијаспора, дека австралиските Грци ќе бараат правда на суд во врска со протестите на, како што ги нарекуваат“ „австралиските ФИРОМјани“ во неделата на кои бил навредуван хеленизмот и беше запалено грчко знаеме, реагираа и нашите во дијаспората, кои сугерираа дека „И на Грците не им е туѓо палењето туѓи знамиња“ и навредување на нечие достоинство како, на пример, кога пред два дена десничарски демонстранти запалиле турско знаме за време на протест во Атина.
Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави за новинарите дека Турција “остро го осудува” инцидентот што го запали знамето во понеделникот, за кој тој рече дека е злосторство од омраза.
– Очекуваме грчките власти да ги пронајдат сторителите и да ги донесат пред лицето на правдата”, рече тој.
Одделно, турското Министерство за надворешни работи го критикува грчкиот претседател Прокопис Павлопулос велејќи дека Грција не ги поседува сите земји на кои “историски има право”.
За потсетување, грчкиот весник Неос Козмос во текст вчера пишуваше дека „тековниот спор меѓу грчката австралиска заедница и одредени групи на фиромјански Австралијци наскоро ќе го достигне својот врв, бидејќи Австралискиот институт за македонски студии (Australian Institute of Macedonian Studies – AIMS) ќе поднесе тужба против организаторите на анти-грчкиот митинг што се одржа во неделата.
Според AIMS, организаторите на митингот биле одговорни за поттикнување националистичка и расна омраза против хеленизмот; за негување омраза и навреди кон Грците и нивните национални симболи, вклучувајќи го и грчкото знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст