Вкупно 2.337 жени се убиени во Турција во iизминатите десет години од страна на нивните партнери или роднини, јави турската телевизија НТВ. Убиствата главно се случиле кога жените побарале да се разведат или да донесуваат одлуки за себе.
Во изминатите десет години е забележано зголемување на бројот на убиени жени во Турција, забележува НТВ.
Според податоци на телевизија, во 2008 година биле убиени 80 жени во земјата, во 2016 биле убиени 328 жени, а во 2017 година – 409. Само во првите два месеци од оваа година во Турција се убиени 75 жени.
Професорката Шенѓул Хаблемитоглу, која се занимава со проблемите на жените, изјави дека според неофицијални податоци, четири од десет жени се соочуваат со семејно насилство.
– Имајќи ги предвид овие податоци, можеме да кажеме дека 14 милиони жени во Турција систематски се подложени на семејно насилство, рече Хаблемитоглу.
Најмногу убиства на жени во последните десет години се извршени во Истанбул, Измир и Анталија, а веднаш зад нив се и Бурса и Адана
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


