| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени двајца скопјани поради фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера ги лиши од слобода лицата А.Л. (43) и Х.Б. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – фалсификување пари.

Приведените на крајот од минатата година, во супер маркет “Тинекс“ во промет пуштиле 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.

При лишувањето од слобода и извршениот претрес, кај А.Л. се пронајдени шест банкноти во апоени од по 100 евра, шест банкноти во апоени од по 50 евра, три банкноти во апоени од по 500 денари, една банкнота од 1000 денари, две банкноти во апоени од по 100 денари и една банкнота од 200 денари, и притоа е утврдено дека две банкноти од по 100 евра и две банкноти во апоени од по 500 денари се фалсификувани и подготвени за пуштање во промет од страна на А.Л. Исто така, при претресот кај А.Л. пронајдена е фалсификувана лична карта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top