
Томас Виеира Гомез, член на една бразилска банда позната како 2N, киднапирал две медицински сестри и ги натерал да им даваат вакцини против жолта грозница на луѓето во Салгеиро фавелите во Рио де Жaнеиро, едно од најсиромашните подрачја во Бразил.
Медицинските сестри подоцна за локалните медиуми изјавиле дека Гомез, кој е озлогласен шверцер со дрога, не бил агресивен кон нив.
Оваа година во Бразил од жолта грозница починале најмалку 25 луѓе. Иако властите поставуваат центри за вакцинација ширум земјата, помошта не стигнува до најсиромашните подрачја. Поради тоа, Гомез одлучил да преземе конкретни чекори.
Потегот на Гомез го поддржале и дел од бразилските политичари, а поранешниот министер за животна средина во Бразил, Карлос Минк, на Твитер напиша дека „законот на Гомез за имунизација“ бил во служба на јавното добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


