| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2018 Јувентус примил само три гола, сите од Тотенхем

Италијанскиот шампион Јувентус од почетокот на 2018 години прими само три гола, a интересен е фактот што сите примени голови се од Тотенхем во елитната Лига на Шампиони.

Голманот на „Старата Дама“ Џиџи Буфон беше совладан двапати во Торино кога Јуве и Тотенхем ремизираа (2-2) и еднаш синоќа во Лондон (2-1).  Сепак, и тоа не беше доволно Тотенхем да го елиминира Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.

На трите средби одиграни во Копа Италија и на седумте меча од Серија А мрежата на Јувентус остана празна, што значи на вкупно 10 меча во домашните првенства во 2018 година никој не успеал да му даде гол на италијанскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top