| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен шверц на 40 килограми марихуана на Меџитлија

По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план вчера во координирана и заедничка акција на Секторот за внатрешни работи Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана.

Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27) сите државјани на Албанија. Тие се откриени во непосредна близина на границата со Грција во околината на селото Лажец, во обид пеш да ја минат државната граница и се приведени во ПС за граничен премин Меџитлија.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top