| четврток, 6 декември 2018 |

Американски државјанин нападнал полицаец во скопското Обвинителство

Полициски службеник бил физички нападнат вчера попладне од О.С.А. (54) од САД во холот на Основното јавно обвинителство – Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека американскиот државјанин го нападнал полицаецот по кратка вербална раправија.

Напаѓачот е приведен од полицијата и задржан во Полициската станица Центар за понатамошна постапка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top