| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно дете прегазено во Куманово, итно пренесено на Клинички

Седумгодишно дете, пешак вчера околу 18:40 часот било прегазено од автомобил на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Од полицијата информираат дека детето било удрено од автомобил „Мерцедес“ кој го управувал 30 годишниот кумановец С.Д.

– По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top