| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба во Куманово „Жените и фотографијата 2018“

Фото клубoт Куманово во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово и оваа година традиционално, по петти пат, ќе ја претстави изложбата на уметничката фотографија „Жените и фотографијата 2018“ по повод 8-ми март, Светскиот ден на жената. Изложбата ќе биде отворена вечерва со почеток во 19.30 часот.

Оваа е петта по ред изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2018“, на коа се приавиле над 30 фотографки од различи клубови со над 140 фотографии.

– Раководејќи се со паролата „Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривањето на себе си и светот околу нив“ селекторот на изложбата Фросина Јовановска издвои 60 уметнички фотографии, велат од фото клубот Куманово.

Изложбата „Жените и фотографијата“ е посветена на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top