| четврток, 6 декември 2018 |

„Топлик“: Ќе продолжи ли судот да работи за СЈО?

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Топлик“, во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Пред почетокот на минатото рочиште адвокатите на главната расправа побараа изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице Борис Тунтев во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно. Одбраната спореше дека вештачењето на кое се потпира предметот е изработено без лиценца и изготвувањето судско решение ќе значи и право на жалба во натамошната постапка.

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа Судот да не го прифати приговорот.

Судијата Осман Шабани рече дека дополнително ќе се одлучува, а за тоа дали ќе биде прифатено ова вештачење или ќе биде назначен нов вештак, одлуката ќе биде доставена писмено. Но, до денес, пред почетокот на новото рочиште судијата Шабани не го сторил тоа.

 

Дали истиот совет повторно е под притисок, слично како во случајот „ТНТ“ кога преку ноќ ја смени својата одлука,  и ќе донесе нова одлука? Кој и зошто врши притисок врз судиите?

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани си ја поништија сопствената одлука поради притисоци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top