Нов вооружен инцидент во САД. Во средно училиште во Алабама имало пукање, при што е убиена тинејџерка на возраст од 17 години, додека момче на истата возраст е повредено.
Началникот на полицијата кажа дека истражителите ги испитуваат околностите на вооружениот инцидентот, што се случил вчера попладне за време на одморот во средното училиште Хафман, едно од најголемите во областа.
Утврдено е дека лицето кое пукало е од училиштето, но неговото име се уште не се открива, само е објавено дека тој пукал со пиштол.
Засега никој не е уапсен, а не е објавен ниту идентитетот на убиената девојка и на ранетото момче.
Неодамна се случи сличен инцидент во средни училиште во Флорида, кога 17 годишниот Николас Круз уби 17 ученици и професори, а рани 15 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст