| четврток, 6 декември 2018 |

Познати учесниците на Ф4 турнирот во СЕХА лигата

Вечерва станаа познати четирите екипи кои ќе се борат за тронот во регионалната СЕХА лига. Покрај екипата на актуелниот европски шампион Вардар, во Топ-4 екипи се пласираа уште и ППД Загреб, Целје и Мешков.

Вардар одамна го обезбеди пласманот на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, а денеска, на две кола до крај на регуларниот дел на лигата, познати се и другите три екипи што ќе разигруваат за трофејот.

Вардар сигурно е прв а во полуфиналето ќе го добијат тимот што во регуларниот дел од сезоната ќе заврши на четвртото место. На Ф4 турнирот се игра по принципот 1-4 и 2-3 во полуфиналето, а потоа победниците играат за златниот медал.

Домаќинот на Ф4 турнирот треба да биде објавен утре, а познато е дека терминот на одигрување на натпреварите се 13 и 15 април.

„Црвено-црните” заедно со ППД Загреб се единствени екипи што досега играле на сите завршни турнири од СЕХА лигата. За Целје ова ќе биде прво учество на завршниот турнир.

Вардар е единствен тим со три трофеи во СЕХА лигата, два има Веспрем, а еден ППД Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top