| четврток, 6 декември 2018 |

Со пресврт против Тотенхем, Јувентус обезбеди место во четвртфиналето во ЛШ

Шампионот на Италија вечерва го совлада Тотенхем со 1-2 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Првиот меч помеѓу двата ривали заврши со резултат 2-2, па оваа минимална победа на Јувентус беше доволна за да продолжи во следната фаза од елитното натпреварување.

По неколкуте полушанси, Сон погоди во 39. минута за водство на Тотенхем од 1-0, па на Јувентус му беа потребни два гола за да оди понатаму. Изгледаше дека домаќинот го има натпреварот под контрола, но следуваа три минути на Јувентус кои го сменија натпреварот.

Најпрво Игуаин во 64. минута по асистенција од Кедира го изедначи резултатот на 1-1, а во 67. минута Дибала погоди за комплетен пресврт и водство на Јувентус од 2-1.

Шокиран од пресвртот Тотнем до крајот не можеше против добрата одбрана на Јувентус, ја погодија еднаш стативата, но тоа беше се што направија.

Со ист резултат заврши и вториот натпревар, Манчестер Сити загуби на свој терен од Базел со 2-1, но благодарение на победата од 4-0 во првиот меч оди понатаму.

Сити поведе со голот на Габриел Жесус уште во осмата минута, а Елонузи и Ланг реализираа за победа на Базел од 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top