Катастрофалната политика на владата на полето на економијата го зема својот данок. Во првите два месеца од 2018 година, владата успеjа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра. Или во просек, успеjа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Вториот параметар што сакаме да го коментираме е растот на БДП. Во првите три квартала од 2017-тата година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти. Доколку се анализираат макроекономските параметри, во четвртиот квартал од 2017-тата година, тогаш многу лесно можеме да дојдеме до заклучокот дека 2017 –тата година македонската економија ќе има раст на БДП на ниво помеѓу 0 и 0,2 проценти на годишно ниво, рече Мицкоски и додаде:
– Доколку се анализира расот на БДП на светската економија, тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок, додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати. Оваа криминална тендерска влада мора да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи