| четврток, 6 декември 2018 |

Металург го совлада Мешков Брест

Металург на домашен терен го совлада Мешков Брест со 37-33 и ја забележа шестата победа во регионалната СЕХА лига. Гостите во Скопје допатуваа без половина тим и главниот тренер Бебешков, но публика сепак гледаше возбудлив дуел со многу голови.

Натреварот започна со изедначен старт, а прв поведе Металург со 5-3. Потоа, следеше пресврт во полза на Мешков Брест (8-10), а избраниците на Александар Јовиќ бркаа негатива до крајот на првото полувреме.

На паузата резултатот беше 17-17. Металуг победата ја обезбеди во второто полувреме кое го доби со 20-6.

Најефикасен во тимот од Автокоманда беше Филип Кузмановски со десет погодоци, а Халил Јагањац постигна девет. Металург во следното коло му гостува на Татран Прешов, а потоа во последното коло го пречекува Целје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top