Две учеснички на избор за мис биле приведени поради обид да продадат 18-годишна студентка како секс робинка во држава од Блискиот исток. Обвинетите се задржани на аеродромот Домодедово во Москва, откако се договориле со потенцијалниот купувач.
Приведени биле 22-годишната Ксенија Старикова, мајка на едно дете, и 19-годишната Татјана Петрова. Тие ја убедиле жртвата дека и нашле добро платена работа како дадилка на Блискиот исток, но всушност требало да биде киднапирана, злоставувана и да работи како проститутка во бордел, рекле изворите од руската полиција, пишува “Daily Mail”.
Двете девојки биле уапсени на аеродромот додека Петрова се подготвувала со жртвата да се качи на авион за Турција. Уште не е познато во која земја девојката требала да заврши. Полицијата дознала за нивниот план и нејзините припадници се претставиле како купци, и кога Старикова ги примила парите, веднаш била уапсена.
Старикова била финалистка на изборот за Мис Русија во 2017-та година. Разведена е и има 14-месечна ќерка. Петрова пак е руско-бугарска манекенка и била финалист на изборот “Top Russia International”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст