Калифорнија трага по младата скопјанка Адеа Шабани, на која од пред речиси две недели и се губи секаква трага. Последен пат била видена на една од крстосниицте во Лос Анџелес и оттгаш и се губи трагата.
Во Скопје нејзините пријатели се молат на бога да е жива и здрава. 25 – годишната Адеа Шабани долго време со својата мајка живеела во населбата Аеродром која ја напуштила пред две години и заминала во Лос Анџелес да студира глума.
Агнеза Чаволи, долгодидишна пријателка на Адеа, вели дека таа остекогаш сонувала за кариера надвор од Македонија. Вели дека сега сите се загрижени и се прашуваат што се случило.
– Се молам секој ден и верувам дека ќе ја најдат. Таа е човек што се бори и верува во себе и е позитивна, вели Чаволи.
– Комунициравме преку Фејсбук, Инстаграм и останатите социјални мрежи, се беше во ред. Никогаш не ми спомнала за некаков проблем или дека некој и се заканува, додала таа.
Шабани го сакала гламурот и џет – сетот и на нејзиниот профил на Инстаграм може да се видат фотографии со познати актери и јавни лица од Холивуд. Пред да оди во Лос Анџелес, живеела и работела во Париз и Дубаи. Откако се појавиле информации за нејзино исчезнување, нејзината мајка веднаш ангажирала приватен детектив. Тој пак за странските медиуми изјавил дека не постојат индиции за можмност од самоубиство или на друг начин самата Адеа да си наштети.
(извор – 24вести.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст