| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се лекуваме ли во Злокуќани: За атер на архитектите, Заев се премислува за Клинички

Асоцијацијата на архитекти на РМ, пред премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче ја презентирале локацијата за новиот Клинички центар. Тие му укажале на премиерот и на министерот дека Универзитетскиот клинички центар треба да се гради на локација во близина на Злокуќани за која веќе постои урбанистички план уште од 2001 година и им го презентирале проектот.

По средбата со архитектите на својот Фејсбук профил, премиерот Заев напиша:

– Им благодарам на Асоцијацијата на архитекти за поддршката во дефинирањето на локацијата на новиот Клинички центар. Очекувам со министерот за здравство Венко Филипче и со Владата на РМ брзо да донесеме одлука.

Инаку, за дислокацијата на Клиничкиот центар во 2010 е направена физибилити студија од Француска консултантска куќа со поддршка од Европската инвестициона банка, како и искуствата од Папскиот универзитетски клинички центар во Рим – „Policlinico Agostino Gemalli“.

Новиот Универзитетски клинички центар, кој како што образложија во јавноста пред еден месец од ААМ, треба да се гради на локација на север од Злокуќани и на југ од железничката пруга Скопје-Кичево.

Владата, сепак, ќе го продолжи проектот на Тодоров – Заев најави камен-темелник за пет години

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top