| четврток, 6 декември 2018 |

Три нови оставки од антикорупциска, остана со уште двајца членови

Жаклина Дамчевска, Сејди Халили, Фадие Алиу се тројцата членови на Антикорупциска кои денеска ги доставиле своите оставки до антикоруциска. Јавноста очекува по оставките на претседателот Игор Тантуровски и поранешниот претседател Горан Миленков оставки да си поднесат преостанатите двајца членови на оваа комисија, Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски.

Оставките следуваат по пушивањата на медиумите за лажираните сметки за патни трошоци и изнајмување на станови по нереални цели, кои ги откри, внатрешната ревизија спроведена од УЈП. Но, тие се правдаат дека оставките ги поднесуваат од здравствени причини. Владиниот портпарол денеска немаше одговор на новинарските прашања што ќе се случува понатаму со ова тело.

Опозицијата пак денеска побара новиот состав на комисијата која треба да ја открива корупцијата меѓу функционерите да се избира со дво третинско мнозинство во Собранието. Предлозите за нејзиниот состав треба да се од опозицијата, смета Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

До сега петмина од седум членови на антикорупциската си поднесоа оставки. Ревизорскиот извештај покажа дека трошеле недомакински од буџетот на комисијата, но тие сметаа дека ова е хајка пшротив нив бидејки отворија повеќе случаи за актуелни функционери. Обвинителството го истражува случајо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top