| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоубила сопругата на италијанското аташе во Белград

Сопругата на италијанското аташе во Србија попладнево си го одзела животот скокајќи од петтиот кат на зграда на улицата кнез Милош во Белград, јавува српски Блиц.

Според информации на весникот од Итната помош жената починала од повредите кои ги добила при падот. Самоубиството било извршено попладнето околу 17 часот, а на увидот присуствувал и италијанскиот конзул. Детали за трагедијата се уште не се соопштени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top