| четврток, 6 декември 2018 |

Сторми, кошмарот на Меланија сака да проговори

Поранешната американска порно-актерка, Стефани Клифорд, позната како Сторми Даниелс, поднесе во Врховниот суд на Лос Анџелес тужба да биде прогласена за неважечка забраната да изнесе информации за интимната врска со Доналд Трамп, додека бил веќе оженет Меланија. Сторми, (38) е продуцент.

Клифорд истакнува дека на документот недостасува потписот на Трамп. Двајцата имале односи во 2006 година, кога Трамп веќе беше во брак со Меланија. Неговиот адвокат и предложил на русокосата 130.000 долари за да молчи – тоа се случило 10 години по односите – во 2016 година, еден месец пред изборите.

Скандалот избувна овој јануари.

Барателот го поднесува оригиналот на документот и неговите додатоци од 28.10.2016 година. Под текстот стојат потписите на правниот советник на Трамп, Мајкл Коен и оној на Клифорд, кој фигурира под името Пеги Петерсон. Трето име, Дејвид Денисон, исто така е измислено.

Во анексите се прецизира дека Денисон е Трамп, кој сепак не го потпишал ниту договорот, ниту анексите.

Клифорд добила од Коен 130 илјади долари во замена за обврската да не открива доверливи податоци за Трамп и негови љубовници, да не ја дава на никого преписката со него преку мејл и слики на милијардерот.

Клифорд ја обвини адвокатската фирма на Трамп во февруари оваа година дека се обиделе по судски ред да ја принудат да го почитува договорот и да не дава сензационални интервјуа за врската со сегашниот претседател.

Прв за платените 130.000 долари соопштие „Wall Street Journal“ во јануари. Според весникот, Коен платил на Клифорд месец пред изборите во 2016, за да не зборува за аферата со Трамп во 2006-та – година по свадбата на милијардерот со третата сопруга Меланија. 4 месеци порано, таа го роди нивниот син Барон.

Политичките аналитичари си ги „удираат“ главите, за да објаснат зошто кога станува збор за Трамп, таквото откритие води само до колективно кревање на раменици.

Првиот настап на претседателското семејство по скандалот беше исто така интересно – Меланија изгледаше повлечена и не одговори на обидите на Трамп да ја зграпчи раката пред новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top